7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Чудо од дете, до овој момент не видено: Има осум години, заврши средно и се запиша на факултет

Осумгодишно дете од Белгија заврши средно училиште и наскоро ги започнуваа студиите на факултет.

Осумгодишниот Лоран Симон, за само 18 месеци го завршил шестгодишното школување и заедно со останатите 18- годишни тинејџери ја земал дипломата за завршено средно училиште.

Неговите родители тврдат дека коефициентот на интелигенција на малиот Лоран е 145, пренесува ББЦ.

Лоран за белгиското радио РТБФ изјави дека омилен предмет му е математика, поради тоа што во неа има статистика, геометрија, алгебра.

Два месеци по завршување на средното училиште Лоран тргнува на факултет.

Според таткото на Лоран , неговиот син во раното детство не се играл со останатите деца на негова возраст и не го интересирале играчки.

Лоран вели дека претходно сакал да стане хирург или астронаут, но сега размислува да се занимава со компјутери.

Nog maar 8 en al diploma middelbaar op zak: "Als hij maar gelukkig is"

Laurent Simons is 8 jaar en heeft zijn diploma middelbaar al op zak🤯Hij heeft zijn zes jaar middelbaar onderwijs op anderhalf jaar afgelegd.

Posted by VRT NWS on Wednesday, June 27, 2018

поврзани објави

Последни објави