7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Косовско собрание изгласа нацрт-закони со кои Косово официјално добива војска: Ова се деталите

Сегашните безбедносни сили на Косово (ФСК) ќе се трансформираат во војска на Косово, откако денеска косовските пратеници ги изгласаа трите нацрт-закони потребни за трансформирање на безбедносните сили во војска.

Седницата ја напуштија пратениците на партијата на косовските Срби, Српска листа, која е категорично против формирање оружени сили на Косово.

За гласаа 101 од пратениците на албанските партии, но и партиите од помалите етнички заедници од групата Шест плус.

Во иднина се очекува да биде променет и уставот со цел да се смени името на ФСК“.

поврзани објави

Последни објави