Додека јас готвев ручек за мојата две и пол годишна ќерка и мислев на листата продукти која треба да ја набавам, влезе сопругот со кој бев во брак 8 години и ми рече дека си оди. Го прашав каде ќе оди и дали може да ја земе листата за да купи сè што треба.
Тој рече: „Не… те напуштам.“ Јас почнав да се смеам и му реков да почека барем додека средувам, бидејќи ни доаѓаа гости на вечера следниот ден, па сакавме да направиме скара во дворот. Тој ме погледна и ми рече: „Нема да бидам тука утре. Си ги спакував работите и одам да живеам со мојата девојка.“
Експлозија ми се случи пред очи.
Се вратив една година наназад, на животот пред да ми ја соопшти веста. Нашето малечко девојче имаше само неколку месеци, кога тој дозна дека ќе ја изгуби работата. Откако беше без работа неколку месеци, доби понуда за нова позиција, но беше работа оддалечена три часа пат од местото каде што живееме. Бидејќи не бевме сигурни дали и кога ќе добие нова шанса за вработување, решивме да се преселиме. Јас дадов отказ на мојата работа, ја ставивме куќата на оглас, обидувајќи се останеме позитивни и гледавме на промената како на нова авантура.
Селењето и транзицијата, кои траеа една година, беа тешки за сите. Живееме во еднособен стан, справувајќи се со хипотека и кирија. Моравме да се навикнеме на новите работни позиции, на нова градинка и сосема нова заедница. Но, работите си дојдоа на свое место по продажбата на куќата и со подобрување на социјалниот живот. Најдовме и нови пријатели. Дури почнавме да уживаме во бенефитите на живот во мал град. Конечно можевме да се опуштиме малку, се преселивме во трособен дом во населба преполна со семејства како нашето. Успеавме!
Дали навистина успеавме? Шест месеци подоцна, сопругот дојде и ми ја кажа веста, заминувајќи без најава, без простор за дискусија и без никако објаснување.
На долга патека ако се сетам наназад, дали имаше знаци дека ме изневерува? Можеби. Поминуваше многу време пред компјутерот, но тој беше програмер, така што немаше ништо чудно во тоа. Нашиот сексуален живот исто така претрпе промени претходната година, но се селевме, имавме бебе и тоа некако имаше смисла.
Ако имаше знаци, беа суптилни и бев презафатена да ги препознаам. Со време, стана јасно дека тој имал афера целиот период додека нашето семејство беше во транзиција.
Каков е тој маж што ја преселува целата фамилија само за да ја напушти неколку месеци подоцна? Неговото предавство беше толку големо, што знаев дека нема веќе враќање назад.
Така што, преку ноќ станав самохрана мајка со хипотека која не можев да си ја дозволам во нова заедница каде што немаше никој од моите блиски пријатели и семејство. Тој иницијален страв ме парализираше. Затоа првите неколку недели се фокусирав само на мојата малечка ќеркичка. Станував рано наутро и ѝ ветував дека ќе давам сè од себе да ѝ биде добро. Одев на работа, се грижев за неа, готвев оброци, перев алишта и се фокисрав на дневите задачи.
Дали плачев пред да заспијам? Дали бев бесна? ДА! Но, давајќи си себе дозвола да направам најдобро што можам од ситуацијата, си дадов и време да го процесирам тоа што се случи.
Почнав да се помирувам со новата реалност и знаев дека треба да почнам да им ја кажувам вистината на другите луѓе. Време беше. Си го најдов сопствениот глас и почнав да зборувам – гласно – мојот сопруг ме напушти и се раведувам од него.
Секојпат кога ќе се слушнев себеси како ги изговарам тие зборови на други луѓе, тие имаа се помало значење и моќ. Исто така, сфатив колку луѓето можат да бидат неверојатни и сфатив дека не сум сама. Сестра на една од моите сосетки беше агент за недвижности и ми помогна да ја продадам куќата. Другите ми помогнаа околу чување на детето додека се пакував и барав ново место за живот кое можев да си го дозволам. Требаше време да се преселам во нов дом, да променам сметки и други административни работи, но на крајот успеав.
Разводот беше финален за помалку од една година, време за кое кај и ќерка ми веќе имавме нов живот. Сега се поминати 15 години и не ми се верува. Се омажив повторно, овојпат во среќен брак. Сè уште сум блиска со луѓето кои тогаш ми помогнаа и станаа мои доживотни пријатели. Мојата ќерка сега има 17 години, таа е спортист со стипендија која ќе ѝ овозможи одлично школување понатаму, а јас не можам да бидам погорда. Таа беше моја карпа, моја сила во тоа време и стана моја животна светлост. По се изгледа дека промената и преселбата во нов дом сепак беше добра работа.
Извор: Минута