Со недвижен имот, проценет на повеќе од 526.000 евра, обвинетиот Јане Ченто, на Јавна седница во Апелациониот суд во Скопје, гарантира дека нема да избега и бара да му се укине куќниот притвор.
– „Јас, почитуван суде, нема да бегам! Бегаат само кукавиците! Јас нема да побегнам од мојот син. Оваа гаранција, од безмалку 530.00 евра, ја обезбедија седум семејства. Мои роднини пријатели.
Јас сигурно нема да им донесам неволја на тие луѓе. Впрочем, јас пред ‘Шутка’ бев еден месец во куќен притвор и да сакав да бегам – ќе избегав!“ рече тој.