6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ЖЕНА ЗМЕЈ: Моќна и сталожена – ова е најдобрата жена според хороскопот

Борбена, одлучна, реална, стабилна, своеглава, неуморна и секогаш подготвена да оди напред. Тоа се основните карактеристики на жена бик.

Покрај овие карактеристики, таа знае да биде и многу грижлива, полна со љубов, но и заводлива и неодолива за околината.

Нејзината најголема моќ лежи во две победнички особини: чувствителност и трпеливост. Знае да биде многу љубезна и кротка, но тоа не значи дека со неа можете да манипулирате.

За многу работи има цврст став и мислење кој тешко да се промени. Треба навистина да ве бидува за убедување и да имате докази, за таа да го смени мислењето бидејќи го добила благодарение на практично искуство.

Немојте да ги тестирате нејзините граници со недолично однесување, бидејќи ќе го разбудите нејзиниот темперамент.

Сепак, оваа дама избегнува да ја покаже својата огнена страна, освен ако нема реална потреба за тоа. Ја сака природата, ужива да биде надвор и по можност секогаш дневните активности да ги врши од таму. Тоа ја полни со позитивна енергија и ѝ дава елан да продолжи.

Не е авантурист, не сака да ризикува бидејќи за неа е важна рамнотежата и сигурноста. Не сака промени без најава, но одлично се снаоѓа ако се случат.

Сака да создава рутина, така функционира најдобро, не бара самата големи животни промени, но ако се случа,т одлично знае да се адаптира.

Пријателствата создаени во детството траат засекогаш, таа се грижи за нив како за себе.

Семејството е света работа за неа, играјте си со се, само не немојте со емоциите на нејзините најблиски, бидејќи во тој случај е подготвена да ве нападне со сета своја сила.

поврзани објави

Последни објави