Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда.
Ова го изјави Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, на панел на Белградскиот безбедносен форум.
– „Историскиот договор од Преспа ѝ ги отвори вратите за европската иднина на Македонија. Нема алтернатива. Нема Преспа плус. Нема подобар договор од овој“, порача Палмер од говорницата на Форумот. „НАТО ја покани Северна Македонија да ѝ се приклучи на алијансата“, додаде Палмер.