Собранието ќе обезбеди двотретинско мнозинство за гласање на измените на уставните амандмани, дознава 1ТВ од собраниски извори. Со ова, се отвора патот за спроведување на Договорот од Преспа за промена на името, со цел Македонија да продолжи кон членството во НАТО и во ЕУ.
Пратениците на 61. Седница, на која присуствува и премиерот Зоран Заев, ќе пристапат кон гласање на уставните измени, секој образложувајќи го својот став за гласот, соопштуваат нашите извори од Собранието.
Владејачкото мнозинство успеа да обезбеди доволна поддршка, откако по вчерашната собраниска расправа се чинеше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто во своите ровови.
Ако расправата заврши денеска, се уште не се знае дали ќе се оди на гласање веднаш или тоа ќе биде дополнително закажано. Инаку, пријавени за збор на 61. седница останаа нешто повеќе од десетина пратеници од владејачкото мнозинство, бидејќи пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во средата се откажаа од дискусија и повикаа да се гласа веднаш.
Собранието на агендата за следната недела има закажано седници на комисии, а за среда е закажано продолжение на 61. седница.
Извор: 1тв