3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Милошоски: Ставете ја точката на гласање и ќе видите дека немате 2/3 мнозинство

Група пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието одржаа прес конференција на која го повикаа собранискиот спикер, Талат Џафери, да ја стави на гласање точката за отворање на уставот, за да види владејачкото мнозинство, како што рекоа, дека нема 2/3 мнозинство за уставни измени.

Изјавата ја даде пратеникот Антонио Милошоски во име на пратеничката група.

Тој рече власта одолговлекува со гласање затоа што, додаде, владејачкото мнозинство е свесено дека за пратениците е поважна волјата на народото, отколку, рече, притисоците од власта.

-Талат Џафери без одлагање да ја стави точката на изјаснување да има гласање и да види владејачкото мнозинство дека нема 2/3 мнозинство и нема услови ниту мандат да покрене иницијатива за уставни измени. Ние како пратеници ќе гласаме согласно волјата на народот изразена преку пропаднатиот референдум – рече Милошоски.

На прашање од новинарите дали неколкумина пратеници од колицијата на ВМРО-ДПМНЕ отстапиле од партискиот став и ветиле дека ќе гласаат за отворање на Уставот, Милошоски одговори:

-Владејачкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и само ќе види дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците – одговори тој.

поврзани објави

Последни објави