6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Познато е кои пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за промена на името

По електронското гласање пратениците и со поименично гласање со 80 гласа или двотретинско мнозинство ја изгласаа потребата од измени на Уставот.

– Од изброените гласови поединечно се потврди претходното гласање 80 за и три против. Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за пристапување на измени на Уставот – рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

Собранието го донесе и заклучокот со кој Владата во рок од 15 дена треба да ги подготви нацрт уставните амандмани.

На поименичното гласање за измени на Уставот од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за гласа Владанка Авировиќ, Нола Исмаили, Елизабета Канческа Милеска, Крсто Мукоски, Зеќир Рамчиловиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Емилија Александрова.

Впечатливо е дека за половина од пратениците од ВМРО- ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон устевните измени се засегнати со судски процеси. Арнаудов, Василевски и Мукоски се обвинети за 27 април, Канчевска Милевска е обвинета во предметот „Тендери“, додека синот на Авировиќ е осуден, но не правосилно во предметот „Труст“.

поврзани објави

Последни објави