Австрискиот канцелар Себастијан Курц го поздрави постигнатиот договор во македонскиот Парламент, кој овозможи дветретинско мнозинство неопходно за почетокот на процесот на носење уставни измени, кои произлегуваат од Преспанскиот договор.
„Тоа дава силен ветар в грб на напорите за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Северна Македонија следната година”, наведе Курц во соопштение.
Тој истакна дека приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е важен приоритет на австриското претседателство и дададе дека дури откако тие земји ќе бидат членки на ЕУ, Унијата ќе биде целосна.