9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Денеска славиме голем светец – на верниците следново им е строго забрането

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 октомври.

Денеска е Св. маченици Сергиј и Вакх.

Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше по улиците на Рим.

Овој пак, Антиох, беше пријател на Сергиј и на Вакх, но откако не успеа да ги одврати од христијанството, ги стави на маки и најпосле ги уби, прво Вакха, а потоа и Сергија. Така, овие две свети души го дадоа на царот царевото, а на Бога божјото и се преселија во вечниот живот околу 303 година.

Овој ден во православниот календар на МПС е означен со црни, масни букви, што значи дека не треба да се извршуваат домашни работи.

Доколку имате бавча, градина или нива, денеска не работете на неа.

поврзани објави

Последни објави