На 22.10.2018 година околу 10,45 часот на каменоломот покрај магистралниот пат Гостивар-Маврово, вработениот В.П. (39) од Гостивар при качување на работна машина „валјак“ во камион, во еден момент работната машина се навалила при што истиот паднал и се здобил со фрактура на пршлен.
В.П. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.