fbpx
8.8 C
Skopje

ВИДЕО: Уништена е бомба од 500 килограми во Белград

АКТУЕЛНО

Авионска бомба од Втората светска војна, која е пронајдена во текот на градењето на комплекс во Белград, денеска е уништена.

Со звукот на сирените за узбуна денеска во 9 и 15 бомбата била деактивирана. Експлозивот е уништен после 10 минути, без штетни последици по граѓаните и нивните имоти. Бомбата ја уништиле припадници од секторот на Министерството за внатрешни работи за вонредни ситуации.

На станарите во овој дел од Белград им било советувано ден претходно да ги спуштат спуштат ролетните и затворат прозорците. На снимката се гледа како во еден момент земјата се подигнува во текот на експлозијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -