11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Грег Попович стана тренер со најмногу победи во историјата на НБА лигата

Легендарното тренерско име на Сан Антонио и САД, Грег Попович го престигна легендарниот тренер Џери Слоун од Јута и стана тренер со најмногу победи во историјата на НБА лигата.

Овој неверојатен подвиг Попович го направи со победата на неговиот Сан Антонио против Денвер со 121-97 и го запиша 1.128 триумф во кариерата.

Грег Попович пет пати беше шампион со Сан Антонио (1999, 2003, 2005, 2007, 2014) и три пати беше избиран за најдобар тренер на годината (2003, 2012, 2014). Исто така тој е и именуван за нов селектор на САД на следните големи собири со што ќе се обиде да освои уште некој медал и да собори нови рекорди.

 

поврзани објави

Последни објави