ВМРО – ДПМНЕ денес го прослави својот роденден, само ден по бурната вечер каде што на ИК беа разрешени неколку видни членови на партијата.
„ВМРО-ДПМНЕ е голема партија и секогаш и во минатото не само сега имало такви случки каде што влегувале луѓе кои што очигледно не и мислеле добро на партијата и добро е што претседателот Христијан Мицкоски смогна сили да расчисти со тоа крило кое што за жал тоа што го работеа ќе има долги последици кон Македонија:
Ќе одиме напред за доброто на партијата, за доброто на Македонија, изјави Мане Јаковлевски еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој присуствуваше на прославата по повод Денот на македонската револуционерна борба во Македонскиот народен театар.