14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Елизабета Канческа најави нова бура: Допрва се ќе излезе на виделина

Ако некој мисли дека ќе се скрие зад некого или нешто, се излажал – сѐ ќе си дојде на виделина, вели пратеничката Елизабета Канчевска-Милевска, која пред четири дена беше исклучена од ВМРО-ДПМНЕ

Нејзиното гласање „за“ пристапување кон уставни измени го предизвика гневот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Исклучена е од партијата заедно со шест нејзини колеги кои гласаа идентично. Во владите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска зад себе го има најдолгиот министерски стаж во ресорот култура – од јули 2008 до јуни 2017 година, а пред себе, како што вели – одговорноста за вклучување во амандманска расправа поврзана со прашањето кое ја попречува евроатланската перспектива на Македонија. На свеченото одбележување на вчерашниот Ден на македонската револуционерна борба, партискиот лидер Мицкоски на вмровската пратеничка седумка и упати лична порака: „Кога гледав како еден по еден кревавте рака за предлогот на Заев, со секое кревање рака нас срцето ни се кинеше… Вечно ќе патам за пропуштениот момент. Зошто ни ја одземавте можноста да го победиме Заев на избори, и тоа кога беше готов? Готов беше!“

ДВ: Имавте ли какви било дилеми пред да го стиснете зеленото копче на 19-ти октомври?

Канческа-Милевска: Не, немав никакви дилеми. Имав јасно изграден став во однос на оваа точка на дневен ред во Собранието и во оваа фаза, а тоа е дека треба да се вклучиме во активна амандманска расправа. Дека треба да се дебатира во таа насока, да се вклучи пошироката јавност, да се вклучат експерти, професори по меѓународно и уставно право, ние пратениците, лидерите на политичките партии, и да се даде максимум се со цел да се подобри Договорот. Не гледам ништо лошо во однос на мојата одлука. Одлуката ја донесов без никаков притисок од ниедна страна, анализирајќи ја од многу аспекти целокупната состојба. И одговорно стојам зад мојата одлука. Сметам дека е неопходно да го направиме ова. Само на овој начин ќе видиме кој на каков начин и во минатото, и сега се залагал да го реши ова прашање кое ја попречува нашата евроатланска перспектива. Јас тоа сакам да го знам, но и јавноста и граѓаните заслужуваат тоа да го слушнат. Тоа им го должиме на граѓаните. Во нашата пратеничка група имаме пратеници кои активно биле вклучени во преговарачки процеси за решавање на ова прашање, на највисоко политичко ниво, но и во сегашното раководството на партијата. Тоа не треба да го заборавиме! А во јавноста во изминатиов период се креираше лажна перцепција дека во Собранието веднаш ќе се гласа за промена на името на државата и поддршка на Договорот. Тоа не е така, и се потврди дека не е така. Зошто се бега од дебата, тоа е некоја мистерија за мене.

ДВ: Како изгледаше вашиот ,,ден потоа“?

Искрено ќе ви кажам. Добив огромна поддршка и многу позитивни пораки. Можеби некој мислел и поинаку и не смогнал сила во тој момент да ми пише од какви било причини, а верувам дека и кај многу луѓе имало зачуденост од оваа моја одлука. Но, секој што подобро ме познава како личност, знае дека никогаш, ама никогаш нема да донесам избрзана одлука, дека таа одлука сум ја донела врз сеопфатна анализа и дека истата ќе ја бранам одговорно.

ДВ: Тогаш, зошто таква изненаденост кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од вашето гласање, кога вие и од собраниската говорница јасно се заложивте пратениците да учествуваат во собраниската дебата?

Навистина не знам. Доколку секој кој го следел моето обраќање во Собранието, каде искрено се потрудив да дадам сеопфатна анализа на цлокупната состојба со еден критички осврт, секој можел да заклучи дека имам јасен став, а тоа е дека треба да отвориме дебата. И нема ништо лошо во тоа. А, треба да се запрашаме зошто некој не сака дебата и бега од тоа? И од кои причини? Јас за овие мои ставови и размислувања сум разговарала и со мои колеги пратеници, и со многу други личности и високи функционери од мојата партија. Со претседателот Христијан Мицкоски, исто така, во многу наврати сум разговарала во оваа насока, и сум повикувала на неопходност од сериозност за ова прашање, од анализа на целокупната состојба и неопходност од дебата – и во нашата партија, и во пратеничката група. И сум изненадена и зачудена зошто се бега од тоа и сето тоа не се прифаќа.

Целото интервју прочитајте го на  „Дојче веле на македонски јазик“

 

поврзани објави

Последни објави