18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Од 1. јануари 2021 година нема да можеме така лесно да патуваме во државите од ЕУ: Ќе мора да платиме пари и да пополниме многу документи

Европската унија од 1. јануари, 2021 година повторно ќе воведе една врста на виза за граѓаните на Македонија и на уште 60 други држави кои не се членки на Унијата.

Како што е објавено на сајтот на Европскиот систем за одобрување на патувања (ЕТИАС), граѓаните на Македонија иако имаат безвизен режим со ЕУ, од јануари 2021 година ќе мора пред да патуваат, да извадат посебна дозвола и да платат 7 евра доколку сакат да престојуват во држава од ЕУ најдолго три месеци. Таксата од 7 евра ќе биде задолжителна за сите лица постари од 18 години.

Освен тоа, секој граѓанин пред патувањето ќе мора да пополни онлајн барање и да остави лични, но и податоци за здравствената ситуација, криминалното минато и патувањата во државите во кои има војна, па дури и историја на вработувања и список на држави во кои претходно има патувано.

Кога сето ова ќе биде доставено, граѓанинот може да биде одбие без никакво образложение доколку претставува „безбедносен ризик“.

поврзани објави

Последни објави