16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Тодоров: Сакам да ме ислушате – да ви ги кажам мојте аргументи

Никола Тодоров екс министерот за здравство, преку својот профил на Фејсбук му се обрати на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош

До Претседателот на ОК Карпошо

Audiatur et altera pars!

Имам право на тоа. Ако барем малку верувате во четирите свети букви.

ВМРО е Демократска Партија за Македонско Национално Единство. Демократска! Ако е така, не само што јас имам право на тоа, туку вие имате обврска.

Имате обврска да ме ислушате, да ми ги предочите вашите факти и докази, но и да ги слушнете мојте. Ова е темелно начело на правдата и еднаквоста и немате никакво право да ми го ускратите тоа.

Затоа барам да ме повикате на состанокот на ОК, да ми ги презентирате фактите и доказите против мене, да ги слушнете мојте аргументи, и потоа да ја донесете одлуката.

Да те потсетам Тони, и во социјализмот/комунизмот постоеше и се применуваше ова правило во сите случаи освен кога стануваше збор за политички ликвидации и политички монтирани случаи. ВМРО се бореше против тоа и за жал и самото беше жртва на таквите политички ликвидации и конструкции.

Лошо и недозволиво е што и денес, во слободна, суверена, самостојна и демократска Македонија треба да се бориме против истото. Но не е тешко, ништо не е тешко кога се бориш за татковината, ќе се изборам.

Во очекување на позитивен одговор,

Те поздравувам

П.С. Го барам ова јавно, бидејќи се чуствувам слободен и бескрајно верувам во демократските принципи на кои се темели мојата партија.

поврзани објави

Последни објави