-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Како дете останал без машкоста, сите му се смееле, но сега е татко и медицинско чудо

Мајк Мур (30) од Мисисипи, на кој лекарите по неуспешно обрежување морале да му ги ампутираат гениталиите во детството е првиот човек на светот кој станал татко по реконструкција на пенисот. Тој и неговата сопруга пред шест емсеци станале горди родители на момчето Мемфис.

Мур со години се борел со депресија поради што му пропаднал и првиот брак и не се надевал дека некогаш ќе може да има деца.

„Семејство е она што сакав најмногу во животот, но никогаш не верував дека ќе имам дете и сопруга која ќе ме сака онаков каков што сум”, изјавил тој за SF Gate. “А тогаш, на четврти октомври 2013-та година го добивме Мемфис и го обожувам ова мало момченце со целото мое срце”, изјавил таткото.

Мур и неговата сопруга неодамна поминале 3.500 километри од Мисисипи до Пало Алто во Калифорнија за да му го покажат малиот Мемфис на хирургот кој дал се од себе за животот на Мур да се промени на подобро. Д-р. Гордон Ли, кој специјализирал реконструктивна пластична хирургија на Медицинскиот центар Станфорд, успешно го оперирал Мур во 2007-та година.

“Колку што знам, тој е првиот човек на светот кој со потполно реконструиран пенис успеал да добие дете”, изјавил Ли за “NBC Bay Area”.

Кога Мур имал само седум години добил инфекција поради која не можел нормално да мокри. Лекарите препорачале рутинско обрежување но при обрежувањето дошло до грешка и морале да му го ампутираат половиот орган.

“Колку што знам, тој е првиот човек на светот кој со потполно реконструиран пенис успеал да добие дете”, изјавил Ли за “NBC Bay Area”.

Кога Мур имал само седум години добил инфекција поради која не можел нормално да мокри. Лекарите препорачале рутинско обрежување но при обрежувањето дошло до грешка и морале да му го ампутираат половиот орган.

Родителите Мемфис го облекуваат како Супермен бидејќи го сметаат за своето мало чудо. По многу тешки години Мур најпосле е среќен и одлучил да ја сподели својата приказна со сите оние кои се сомневаат дека некогаш ќе можат да водат нормален живот.

“Сакам со својата приказна да им помогнам на сите кои поминале низ истото низ кое поминувам јас и да им покажам дека можат да добијат дете”, изјавил тој.

поврзани објави

Последни објави