2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тодоров во „Само вистина“ упати порака до Мицкоски: Груевски не треба да биде почесен претседател

Еден од контроверзните министри во изминативе 11 години е и Никола Тодоров. Име кое за едни придонесе за развој на здравството, за други стагнација и пропаст.

Едно од попознатите и звучни имиња во владата на Никола Груевски е токму Никола Тодоров. Најпрвин министер за образование, а потоа министер за здравство.

Во интервју за „Само вистина“ тврди дека никогаш ниту направил, ниту посакувал да направи пуч во ВМРО-ДПМНЕ, притоа додавајќи дека во партијата ги оставил своите коски. Тој во интервјуто вели дека нема против Груевски да биде почесен претседател, но самото тоа создава револт.

Слушнав информации од Малчески дека сум спремал пуч во партијата на денот на Централниот комитет. Јас на денот не бев тука, бев во странство, ситуацијата ме затекна таму, и видов дека сум исклучен од партијата . Тоа боли. Ова е само продолжение на истиот начин на функционирање со сплетки, интриги, кажување работи што не се вистина. Побарав да бидам повикан на општинската дисциплинска комисија која беше задолжена за моето исклучување, затоа што сметам дека имаат обврска да ме сослушаат. Бев повикан, иако тоа беше околу 11 часот навечер. Бев непријатно изненаден, прашав што е тоа што ми се става на товар, одговоор беше фрапантен, ми рекоа: „тоа не ние не знаеме, тоа ќе си прашете во централата“ – рече Тодоров.

Тој вели дека се слушнал со исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што му било жал, како биле жигосувани.

– Можеби направиле грешка, но може и ја спасиле државата од пропаст – рече Тодоров.

На прашањето, дали има намера да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров рече:

– Сега тече процесот на мое исклучување од партијата. За другото, ќе видиме.

Негова оценка е дека ВМРО-ДПМНЕ станува се поизолирана партија и дејствува антизападно. Според него, во ВМРО-ДПМНЕ сега има три структури: едната е прозападна, втората група се антизападно ориентирани, а третата која е најголема група, се злоупотребени луѓе кои се под импресии и веруваат дека се борат за Македонија.

Инаку, во вечерашната емисија, Тодоров им се извини на жените поради Законот за абортус, за кој во 2013 година, кога беше донесен, тврдеше дека бил најлиберален во Европа.

поврзани објави

Последни објави