3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Колев: Додека ние го чуваме името, они станаа милијардери

Претседателот на ГДУ Петар Колев гостуваше во „Стадион“ на Канал 77 каде што ги кажуваше своите и партиските ставови на ГДУ во однос на актуелните случувања, прашањето за името, реформите во судството и медиумите, како и за тоа како Македонија треба да се однесува во иднина, со цел да овозможи подобра иднина на своите граѓани.

Јас не ги обвинувам луѓето кои зеле бугарски пасош. Ако не беа тие бугарски пасоши од источниот регион, тогаш тие места денеска ќе гладуваа. Реално е така. Ќе имавме големи социјални немири овде во Република Македонија. Ако ни беа тука, што ќе правевме со овој мизерен буџет. Ќе имавме 50 000 семејства социјални случаеви. Таканаречениот патриотизам не е поголем од гладот на сопствените деца, рече Петар Колев.

Мене ме интересира кога ќе видам судски процес за тоа кој ги назначува судиите. Кој е тој кој ги назначува судиите, тоа не е нормален начин на функционирање. Ова прашање е навистина болно и никој не смее да се обидува да ги замачкува очите на јавноста со процеси како „Тенк“ или како оној против Бујар Османи. Ние како ќе направиме реформирано судство со судиите од тефтерчето на Мијалков и Џафери.

Ако навистина овој систем сака да се реформира тоа е од тефтерчето на Гордана и Муса Џафери. Еднаш засекогаш тоа треба да биде прочистено.

Ако нема дома храна и образование за детево, џабе ни е љубовта, вели Колев и притоа додава дека ги разбира луѓето кои го граделе македонскиот патриотизам во 90-тите години зошто емоционално го разбираат прашањето за името. 80 % од младите во Македонија немаат работа, зошто криминалци три години ми се шетаат по улиците на Скопје. Треба да излеземе од обид за докажување на патриотизам бидејќи по 500 милиони имаме дупка во пензинскиот фонд, имаме судии кои работат за политички структури.

Се испокаравме со сите, оставете ги другите, ние имаме внатрешни проблеми, дајте дома да си ги средиме проблемите, вели Колев во гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77.

поврзани објави

Последни објави