-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Креативци со преголемо срце

Некои би рекле потешкотија, јас би рекла дарба. Некои би рекле состојба, јас би рекла шарени умови. Попреченост, болест ни најмалце!

Јас, јас би ги дефинирала како љубов она искрена, како чувство она знаете кога од среќа се движите напред назад и не знаете што попрво да направите.

Јас јас би ги дефинирала како платно со многу бои, палета.

Жолта за среќа, сина за успех, зелена за позитива, црвена за љубов, бела за ведрина, портокалова за новиот ден.
Како интелектуалци, како личности кои што развиваат свои на чуден начин теории.

Би ги дефинирала како музика, како ноти, како кутија полна со емоции, многу емоции. Како блок број 5, на кој што со големи букви секоја во разна боја пишува СРЕЌАЉУБОВ НАСМЕВКАМАМАТАТО.

За мене дефиниција е ова.

Дислексија=креативност,Дислексија=интуиција, Дислексија=голема слика.

За онаа од книгите Дислексија е потешкотија во читањето, пишувањето како и разбирање на прочитаното и напишаното.
Според светските статистики 80% од учениците со слаб успех имаат Дислексија. Дислексијата во групата словенски јазици се достигнува од 10% до 15%.

Многу пати во околината за овие мои шарени умови би слушнала коментар од типот на интелектуална попреченост, НЕ!
Лицата со Дислексија имаат просечна интелегенција, а многу од нив и надпросечна.

Креативци со преголемо срце, со прегратка голема за сите, со разбирање, кутија полна со прашања и да на секое можеме да им дадиме одговор. Чувството да имаш Дислексија еден мој познаник од десет години го дефинира како:

,, Јас сум татко, јас сум возрасен, но само сум во тело на дете, тоа е причината да немам исто размислување со моите врсници.” Знаете што?

Љубов и позитива во движење се!

Работат, учат, се интересираат само за тоа што они го сакаат. И што е тука потешкотија, драги мои? Да имаш Дислексија не е ништо страшно, постојат голем број на познати личности што имаат дислексија како Алберт Ајнштајн, Стив Џобс, Орландо Блум, Томас Едисон, Кира Најтли, Шер, Џони Деп, Мухамед Али, Бил Гејетс, Џејми Оливер, Џон Ленон, Лудвиг Ван Бетовен, Хенри Форд и многу, многу други.

Држава сме каде што за многу голема жал учениците со Дислексија од креативци, интелектуалци, надпросечни се етикетираат како,,лошите ученици во клас” Не, не и не!

Затоа апел до сите тргнете ги, избришете ги сите стереотипи поврзани со ови креативци и интелектуалци.
Месец Октомври е знак на Дислексија. Месец Октомври со неговите жолто-црвени бои е симбол за овие позитива од луѓе. Месец Октомври е знак за поддршка на шарените умови, за кутијата од луѓе полна со емоции. Затоа да помогнеме да се зголеми знаењето и свеста за лицата со Дислексија.

Да помогнеме да се избришат тие етикетирања.

Лицето со Дислексија е лице кое треба да биде прифатено од средината и општеството во кое живее.
Јасзнамштоедислексија – Шаренила!

Во знак на месец Октомври, во знак на многу шарени умови, креативци со преголемо срце. Во знак на Дислексија.

Пишува: Катерина Димова

поврзани објави

Последни објави