11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Многу е тешко мајка да има деца, а да нема куќа, 15 години скитам од врата на врата, не пуштаме греење бидејќи немаме да ја платиме сметката за струја

„Многу е тешко мајка да има деца, а да нема куќа. Кој има деца и е во ваква состојба знае како е. Многу се изнамачија. Јас имам веќе 60 години, за мене живот нема. Веќе 15 години скитам од врата на врата“, рече мајката Нермин Весели за 21тв.

Лицето на мајка Нермин е доказ за страдањето низ годините. Не може да ги задржи солзите, секогаш кога ќе се присети на минатото. Нејзиниот сопруг починал пред 18 години, а таа со две деца останала без покрив над глава.

„Веќе 15 години одам од врата на врата. Но, на децата не им кажав ништо, им велам дека ќе биде подобро. Дај Боже некој да ни помогне.“, Нермин Весели.

По смртта на таткото, целиот товар го презел Вехап. На 12 години, поради тешката финансиска состојба, почнал да се занимава со физичка работа само за да им донесе јадење на мајката и сестра му. Тој сега на 29 години бара работа, но како што вели, не успева секогаш да најде, се вели во сторијата на 21ТВ.

„Имав 12 години кога излегов на пазар да барам работа. Дури и кога беше жив тато, јас излегував на пазар. Потоа татко ми почина. Бевме принудени да излеземе под кирија. На пазар излегувам рано, но еден ден ќе најдам работа, потоа една недела не. Не знам што да кажам, кога немам пари, не ми се влегува дома. Децата бараат. Ќерката оди на училиште, бара, но ѝ велам ајде утре, па потоа, ајде задутре“, рече синот Вехап Весели

Извор: ТВ21 – Целата сторија Овде

поврзани објави

Последни објави