3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Љубчо Георгиевски: Ние наликуваме на Либиска Џемахирија, ако се поделевме ќе имавме побогата Македонија од 10 држави во источна и централна Европа

Екс премиерот Љубчо Георгиевски во некогашното свое интервју „Во Центар“ кај Васко Ефтов зборува за македонско-албанските односи и „албанската“ иднина на Република Македонија.

Еве ги неговите аргументи:

Во Скопје прошетав околу џамии во Гази Баба, во Чаир, видов дека ние наликуваме на Либиска Џемахирија. Јас сметам дека ако Македонија во 2001 година, не по наше барање, туку поради тоа што војната ја почнаа албанците, ако тогаш се поделевме со нив, денеска ќе имавме побогата Македонија од 20, еве да не речам 20, барем од 10 држави во источна и централна Европа, и ќе имавме тогаш еден чист и нов македонски идентитет односно македонска држава.

На прашањето дали не мисли дека е некоректен за целиот проблем да ги обвинува албанците, од страна на новинарот Васко Ефтов тој му вели:

Погрешно си ме разбрал. Јас не ги обвинувам, напротив ги ценам. Тие знаат што сакаат. Тие сакаат Голема Албанија. Дали тоа ќе биде преку албанска држава или на друг начин. Скопје ако го погледнете ќе видите дека едната страна на реката Вардар е албанска територија. Истата ситуација е и со Куманово. Од перспектива од 10 до 20 години ние ќе зборувам за нова албанска држава. Не поради друго, туку тоа го зборува демографијата.

Независно, кога ќе се затвори прашањето со Косово, целата енергија албанскиот фактор ќе ја посвети на освојување на Македонија, така што во таа перспектива ние ќе се сметаме за трета албанска држава, вели Георгиевски.

За многумина харизматичен визионер, дали ова навистина е така и дали Георгиевски ја зборуваше вистината, останува да покаже иднината. Тој како политичар е првиот човек кој во Македонија го спомна предлогот Северна Македонија,

поврзани објави

Последни објави