11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ми удривте по сопствените деца само поради тоа што не бев на ваша страна, ете затоа заминав, но не планирам и да се вратам

Заминав поради вас, но не планирам да се враќам.

Доста често и другите во моето опкружување знаат да ме праашаат: Зошто си отиде? Планираш да се вратиш дома? Нели е тешко да си далеку од своите?

Нормално јас не би можел да одговорам концизно, затоа што ова е една доста дискутабилна тема.
Родител, татко на две деца. Денес студенти. Тешко е многу е тешко, но вие не избркавте знаете, оние од горе, претходните, големите.

Живеам во мало место. Пред седум години решив да тргнам ,,нагоре,,. Тешко е многу. Кога велам тешко мислам на километрите кои што ги поминувам, сам, фамилјата си ја оствив дома. Но немав друга алтернатива, не можев на двајца студенти да им овозможам солиден живот, студии, кирија, сметки, џепарлак, облека и тоа се со двесте евра плата. Со оваа минимална сума ни основното не се покрива, а камо ли тоа. Да и плус минимална плата од мојата сопруга, која поради тоа што не ги поддржуваше оние претодните и дадоа отказ. Ве критикуваше, не ве подржуваше и наредната ден отказното решение ја чекаше на маса. Книшка секаде баравте книшка. Квалитетот никаде не се ценеше.

По сопствените ми деца удиравте за да ме придобиете на важата страна, но не успеавте. По децата да. За тоа и велам вие ме избравте! За тоа си заминав. Се водев како вработен, но исто како да не бев. И оние двесте евра што ми се водеа како моја плата, со сопствен труд заработени не беа редовни, се случуваше да не ни пуштат плата и по четири, пет месеци по ред, за прекувремената работа да не ја споменувам, така не научија шефовите, непостоеше плаќање на прекувременото останување на работа, нит за празник, нит за делник. За стажот да не зборувам, повеќе од десет години стаж не е платен. И да останам тука? Платата на вработените одеше на сметка кај ќерката од тогашниот директор, студираше во Америка, додека моите две деца и на моите колеги носеа по дваесет денари на училиште. Срцето ми плачеше, но не смеев да покажам, морав да продолжам да се борам но не овде. Платите на вработените одеа по софри за тогашните директори на неколку фирми, тогашниот градоначалник, свадби, веселби се беше покриено, од кого?
Од вработените кои едвај крај со крај врзуваа.

И ете тоа беа едни од причинините да тргнам по белиот свет за црните пари. Ноќи непреспиени, солзи, воланот ти е единственото нешто кое го имаш во раце. Нормално фамилијата ти недостига, ја гледаш во неделата неколку пати и тоа на камера. Но надеж и утеха бараш во сопствените деца, за нив работиме, за нивно добро, да излезат на прав пат и да можат они да си овозможат еден солиден живот за кој јас се надевав во нашата ни мила земја Македонија, но за жал многу е болно и тешко кога и сопствените деца сакаат да избегаат од гнездото кое со години си го градел, си вложувал. Болно е кога детето ќе ти рече:

,,Тато еве ја дипломата, но што со неа, не можам да се вработам и јас ќе доаѓам горе”

Не е ни најмалку лесно ,,нагоре,, но барем знаеш дека правата ги имаш, вратите ти се отворени, те ценат како човек пред се, колку работиш толку заработуваш.

Квалитетно образовани, за здравство да не зборувам. Работната рака ти е платена, живееш онака како што ти сакаш. Работиш да, но и заработуваш. Јас сум еден од тие кои што си доаѓа дома на неколку месеци, но верувајте се повеќе размислувам за тоа да останам ,,горе,, и да си ја повлечам мојата фамилија. Болно е кога го пишуваш, а не па кога навистина моите деца ќе избегаат од местото каде што го направиле својот прв чекор, изговориле зборот тато, мамо, од местото каде што им потекнуваат корените. Но немаат друго решение. Болно е кога ја гледам ќерка ми како е растрчана за да си ги натокми навреме документите и да си замине.

Вие ме избркавте мене, вие ни ја бркате и младината.Не им ги отварате вратите, освен ако не се обоени како власта или евентуално ако се на некој и нешто, тогаш нит знаењето е битно нит просекот, битно е само дали си црвен или плав. Жално но вистинито.

Уште многу многу би имал да пишувам за етиологијата на моето заминување, но и за тоа зошто ќе останам тука, но времето поминува, а километрите ме чекаат да ги извозам, овде нема забушавање, овде се работи макотрпно, но и се заработува!

поврзани објави

Последни објави