18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Колев: Ќе се обидеме да побараме поширок консензус и да создадеме трет активен политички блок во Македонија (Видео)

Претседателот на ГДУ Петар Колев во своето гостување на 1тв рече дека тие како ГДУ се спремаат за предизвикот наречен избори, притоа додавајќи дека тие ќе инцираат создавање на трет политички блок.

Сметам дека покрај претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори. Ние како ГДУ ќе се обидеме да побараме еден поширок консензус односно формирање на еден трет активен политички блок во кој ќе настапиме заедно со други партии.

Колев додаде дека тој не ги разгледува прашњата на етничка, туку на идеолошка основа.

Јас познавам луѓе албанци конзервативци, македонски, валси, бугари, германци. Ние околу конзервативизмот треба да се обединиме, а не тоа на кој Бог се молиме и од која етничка припадност сме.

Повеќе од јасно е дека граѓаните немаат доверба во изборниот модел. Затоа ние предлагаме Македонија да претставува една изборна единица, листите да бидат отворени, а се разбира во нашите ставови како партија го разгледуваме прашањето за намалување на бројот на пратениците во законодавниот дом.

поврзани објави

Последни објави