В.Д Градоначалникот на Струмица Коста Костадинов со реакција на својот фејсбук профил по повод денешната прес конференција на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Пакетов, на која тој обзнани дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО НП од денес има легитимно мнозинство во општина Струмица.
„Поразивме режим и тоа е кристално јасно, а при поразен режим да поддржуваш режим е спротивно од здрав разум. Оставаме простор за човекот да си ја преиспита одлуката и добро да размисли, затоа што на крајот на нештата сите сме луѓе“, вели Костадинов.
Ваквата реакција доаѓа откако денес советникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ и Зоран Заев го изгубиле мнозинството во Советот на општина Струмица.