Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го назначи Костадин
Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија за нов портпарол на партијата.
Неговите контактни информации се испратени до лицата задолжени за односи со јавноста, поради интерес на точно информирање.
Костадинов во јавноста важи за еден од најактивните пратеници и партиски функционери на СДСМ. Речиси секој ден, Костадинов може да го видите на дебати во медиумите, на прес-конференции, но и на многу други партиски настани, па дури и со свои обраќања во Собранието на Република Македонија.