Вчера околу 10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, вработен на бензинска пумпа во Ѓорче Петров 2 пријавил дека истиот ден на работното место физички бил нападнат од непознато лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова е само налик на нешто што се случи пред еден ден во Загреб, кога со пластичен пиштол жена ограбила 6 бензиски пумпи и 6 киосци во Хрватска.
Полицијата се сомнева дека 33-годишна жена од Загреб во периодот од 2016 до октоври 2018 година извршила шест кражби на бензински пумпи и шест во киосци во Нов Загреб. Притоа таа успеала да украде пари и плен во вредност од над 38 илјади куни.
Полициската истрага утврдила дека таа маскирана со марама, очила и качулка влегувала во бензиските станици и киосците, кои ги ограбувала заканувајќи се со пластичен пиштол.
Парите што ги крадела ги трошела за секојдевни потреби.