6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Доколку патувате на патот Скопје – Велес бидете внимателни: се вози на една лента

На патниот правец Скопје – Велес пред наплатната станица Сопот поради одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се работи на расчистување на одронот и нормализација на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

поврзани објави

Последни објави