На социјалните мрежи е направен настан Протест – Правда за Никола Груевски во кој група граѓани даваат поддршка за организиран протест во кој велат дека непокорот е единствениот пат до правдата.
Почитувани граѓани,
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, Македонци и Македонки, Браќа и сестри,
Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.
За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!
Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!
Линк од настанот на Фејсбук – ОВДЕ