18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Виц за мажачка

Доаѓа ќерката дома и бара благослов од татко и за да се омажи.

– Тато јас се заљубив многу, сакам да се мажам!

– Во кого се заљуби?
– Во оној Рикардо што работи во твојата фирма, многу се сакаме!

– Знаеш што ќерко, морам да ти кажам дека не можеш да се омажиш за него, знаеш јас многу одамна имав тајна врска и Рикардо ти е полубрат, ама те молам немој да и кажуваш на мајка ти.

Девојката тагувала неколку месеци и кога конечно нашла нова љубов доаѓа повторно кај татко и:

– Тато јас пак се заљубив имам нов дечко многу се сакаме и сакаме да се земеме.

– А во кого се заљуби сега?
– Во оној Мануел што работи кај тебе во фирма. Знаеш што ќерко мене ми е стварно жал ама морам да ти кажам дека и за него не можеш да се омажиш, имав уште една афера и Мануел ти е полубрат!

Девојката не знаела што да прави и отишла кај мајка и да се пожали:
Мамо, јас дава пати сум пред земање ама тато ме спречува затоа што и двајцата ми биле полубраќа од неговите афери. Ќерко слободно мажи се за кого сакаш, тој не ти е татко!

Извор: Вицотека

поврзани објави

Последни објави