18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Утрово најстудено во Берово -3, а најтопло во Дојран 8 степени

Најстудено утрово е во Берово каде е измерена температура од -3 степени и во Струмица 0 степени. Најтопло е во Дојран, 8 степени. Во Скопје, пак, се измерени 3 степени.

Во поголемиот дел од земјава времето е ведро и тивко, со појава на слаба магла, која е поизразена во Струмичката котлина. На повисоките места и на планините дува слаб ветер од југоисточен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала висока облачност и со слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево со мала, но висока облачност и со слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 22 степена.

Во наредните денови продолжува период на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Температуата ќе има тенденција на постепено опаѓање. В среда кон крајот на денот и в четврток ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.

поврзани објави

Последни објави