11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Богојески: ВМРО мора да влезе во Преамбулата на Уставот, доколку сакаме вистинско помирување

Сега активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во изјава за „Фокус“ вели дека според него, историското ВМРО треба да влезе во Преамбулата на Уставот, доколку е одлучено таму да биде претставен континуитеот на македонската држава.

-Доколку дефинитивно е донесена одлука за континуитет на уставните решенија од периодот на „Братството и единството”, преточено преку „Едно општество за сите”, тогаш на десничарите е обврска навремено да истакнеме дека тоа нема да го преживее судот на времето! Помирување може, но само преку взаемно почитување. Не е прифатливо револуционерното организирање на Македонците, чија најорганизирана форма ја добива преку ВМРО, да остане надвор од Уставот на РМ!
Историските факти зборуваат дека македонското прашање се отвора со Берлинскиот договор, каде со член 23 се предвидува автономија за Македонија и Одринско. Тоа е прв случај на меѓународно признавање на правото за создавање на македонска држава! Каде е тој договор во Уставот?!?
Поради истото се формира ВМОРО, чија цел е точно постигнувањето на таква автономија. Како резултат на новите политички реалности, ВМОРО се трансформира во ВМРО, а првичната идеја за автономија за Македонија и Одринско прераснува во идеја за постигнување на полна независност на Македонија, вели Богојески.

Тој смета дека за да се постигне вистинско помирување, потребно е ВМРО да влезе во Преамбулата на Уставот.

-Имајќи го ова во предвид, а и фактот што Организацијата која што прва ја искажа максимата за Независна Македонија, не е дел од преамбулата на Уставот, говори дека основниот акт е крајно идеологизиран и основно базиран на комунистичкото движење, за што говори и самиот Проглас на АСНОМ. За да се постигне вистинско помирување во Македонија, потребно е ВМРО (Организација која нема идеолошки предзнак и обединува луѓе и со лева и со десна ориентација, со цел постигнување на целосна независност на Македонија) да влезе во Преамбулата на Уставот, вели Богојески.

Извор: Фокус ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави