Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува со нетрпеливоста на САД кон Русија, за време на состанокот со американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон. „Ако добро се сеќавам, американскиот грб прикажува белоглав орел, кој држи 13 стрели во една канџа и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, која е симбол на мирољубивата политика.
Дали вашиот орел ги изеде сите маслинки и сега му останаа само стрелите?“ прашал Путин смеејќи се, на што Болтон слатко се изнасмеа и му се заблагодари за можноста да се сретнат и да разговараат.
Ова е уште еден настап кога Путин покажа зошто е различен од другите светски лидери. Тој е едноставно таков, ведар, насмеан, позитивен. Знае да се пошегува на смета на себе и своите, меѓутоа знае да се пошегува на сметка и на своите најголеми „ривали“.
Зошто Путин е толку популарен?
Русите го сметаат Путин за влијателна историска фигура, а неговата популарност не зависи само од економскиот просперитет на нацијата. Репутацијата на Путин му носи изобилство восхит и почит, често се манифестира во форма на подароци што ги добива не само во рамките на Русија. Најпознатиот подарок на Путин е неговиот Кони – црн лабрадор од Сергеј Шојгу, министер за вонредни состојби. Во 2012 година, претседателот, исто така, доби на подарок куче од расата акита ину од Јапонија.