Попладнево пред истекот на рокот експремиерот Груевски поднел жалба до кривичниот совет составен од тројца судии, кој во наредните три дена треба да одлучи дали Груевски ќе добие одлагање на затворската казна од најмногу 3 месеци, или ке ја потврди одлуката на судијата за извршување на санкции, со што ќе треба да се јави во затвор. Претходно и неговите адвокати поднесоа жалби, пренесува Телма.
Иако денеска беше денот „Д“ впишан во упатниот акт, Груевски нема да се појави на портите на Шутка додека кривичниот совет не донесе одлука, бидејки законот предвидува дека жалбата го одлага извршувањето на казната а рокот кој го има кривичниот совет е три дена. Во секој случај крајната одлука ќе биде донесена најдоцна до понеделник, објаснуваат од судот.
Следна судска инстанца што ќе одлучува за одлагањето на казната ќе биде Врховниот суд. Адвокатите напишаа таков предлог заедно со барањето за преиспитување на двегодишната затворска казна за „Тенк“, но кривичен се уште не го конплетирал и испратил барањето за одлагање кое треба да стаса заедно со предметот за „Тенк“. Но доколку кривичен до понедленик одлучи да оди во затвор веднаш, одлука на врховниот суд за одлагањето Груевски нема да ја чека од слобода.
Подржувачите на Груевски како опција за спас го гледаат претседателот Иванов. На вчерашниот протест пред Кривичниот суд демонстрантите побараа од Иванов да најде решение за да го прекине политичкиот прогон за Груевски.
За протестот денеска се огласија од владеачката СДСМ.
За утре е закажана и седница во Собранието на која како 20-та точка од дневниот ред е предлогот за одземање на мандатот на Груевски. Но речиси недостижно е потребното 2/3 мнозинство бидејки осумината пратеници кои формираа пратеничка група, се изјаснија дека ќе гласаат против.
Експремиерот, деновиве е актуелен и поради одлуката на Комисијата за заштита од дискринација. Двајца членови на комисијата Беким Кадриу и Ирфан Дехари не се согласуваат дека судот го дискриминирал Груевски. Во издвоеното мислење Дехари и Кадриу пишуваат дека мислењето на мнозинството од колегите има политичка позадина без да постојат факти и докази. Констатираат и дека Груевски не е во понеповолна состојба со поранешни функционери кои се обвинети во истите предмети со него.
Извор: Телма