14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Личните предмети на Стивен Хокинг продадени за неверојатна сума

Лични предмети на покојниот физичар Стивен Хокинг, секој предмет одделно, продадени се за стотици илјади евра.

Најголема цена на онлајн аукцијата одржана на 8 ноември достигнала копијата од докторската дисертација на Хокинг за експанзија на универзумот од 1965 година, која е продадена за повеќе од 670.000 евра. Тоа ја прави поскапо аукциско парче и од скриптите на Њутн, Дарвин и Ајнштајн.

Меѓу продадените предмети е и инвалидската количка на физичарот, која достигнала цена од 344.000 евра, надминувајќи ги очекувањата да се продаде за најмногу 20.000 евра. Парите од продажбата одат за Фондацијата Стивен Хокинг.

Се продавале и книги со автограм на вселенологот, ракописи, негова јакна и копија од сценариото од „Симпсонови“ од епизодата во која Хокинг го имаше своето последно појавување во анимирана серија.

Колекција на медалите и наградите на физичарот достигна цена од околу 350.000 евра.

поврзани објави

Последни објави