Главниот уредник на Фокус, Зоран Димитровски-Жоро му одржа кратка лекција по историја на политичкиот аналитичар Александар Пандов, потсетувајќи го дека војводите на ВМРО се декларирале како Бугари. Моментот на вистината се случи за време на синоќешното издание на емисијата Топ тема на телевизија Телма.
Од своја страна Пандов изјави дека точно поради тоа е против договорите со Бугарија и Грција и дека за него ирелевантно дали Македонија во НАТО и ЕУ ќе нарекуваат Северна Македонија или Северна Република Македонија.
Ние со Бугарија се согласивме дека имаме заеднички дел од историјата. Тоа не може да го порекувате. Каде што имаме формиран бугарски национален идентитет во таа држава, каде што има македонски интелектуалци кои немаат држава кои се повикуваат на бугарски национален идентитет. Сите војводи од ВМРО така се декларирале, вели Зоран Димитровски.
Видеото можете да го погледнете на следниов линк – Трибуна ОВДЕ