Полицајци патуваат со марица. На патот гледаат еден поп и го покануваат да се качи кај нив. Го видел тој полициското куче и ги прашал каде го водат.
Ќе го запишеме на Богословија, ќе го направиме поп!!! – Се пошегувале се полицајците.
Попот си молчел цел пат, но на слегување ги прашал:
А, ако кучето не може да заврши Богословија, полицаец ли ќе си остане?
Следен виц за полицајците со наслов: „Сообраќајка“
Полицаец го испрашува Трпе на местото на сообраќајната несреќа:
Сега сакам да ми објасните како го удривте пешакот на пешачкиот премин?
Возачот: Господине полицаец! Воопшто не го удирив. Застанав да му дадам предност, и тој се онесвести од изненадување.