16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Мицкоски: Власта го дели народот на богти и сиромашни, неспособни се да го решат загадениот воздух

Во интервју за Курир, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се осврна и на темата со загадениот воздух.

Мицкоски смета дека темата со воздухот е запоставена во јавноста, а токму таа е многу значајна, бидејќи граѓаните ги чини здравје.

-Токму во оваа сфера Владата доживува вистинско фијаско, а ветуваа чист воздух, а воздухот не само што е подобрен туку станува неподносливо загаден. Алармот треба да се вклучи до максимум, луѓе умираат поради неспособноста на властите да спроведат концепт кој ќе даде резултати. И веднаш ќе ви кажам мерката на Владата за возење според категоризација на возилата според еуро стандардот е парцијална и не доволно ефективна. Освен тоа што нема да има видливо подобрување, таа е и дискриминаторска спрема граѓаните. Практично Владата не можејќи да го реши проблемот со воздухот со суштински мерки превзема парцијални дисктримнаторски мерки каде ќе овозможи да користат автомобил само богатите, бидејќи тие всушност возат и подобри автомобили кои ги исполнуваат еколошките стандарди. Значи Владата ќе ги казни посиромашните за сметка на побогатите, а воздухот ве убедувам дека нема да стане драстично почист. Најефикасното решение за почист воздух е итна гасификаија, каде за жал владата со ребалансот на буџетот крати средтва, вели Мицкоски во интервјуто.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека луѓето се гушат во смог, а Владата за сметка на посиромашните ќе овозможи да возат побогатите, а гасификација нема затоа што ги кратат средствата за да има повеќе пари за други сомнителни тендери во 4 очи.

-И додека ова се прави, на пример скопскиот градоначалник Шилегов се занимава со проект на преиминување на катни гаражи кои ги изгради неговиот претходник и каде во центарот на Скопје ќе крсти катна гаража „Белградска Конфекција Беко“. Тоа е тажната реалност денес, вели Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави