13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Од него зависи: Иванов може да го помилува Груевски, ако побараат Боркица, Нада или Мијалков

Се уште е неизвесно дали поранешниот премиер Никола Груевски денеска сам ќе отиде во истражниот затвор “Скопје”, или пак од утре по него по налог на судот ќе трага полицијата, пишува Фокус.

Груевски може да куртули од затвор доколку Врховниот суд, каде што има поднесено молба за одложување на издржувањето на казната истата ја прифати. Сепак оваа процедура би траела дваесетина дена, бидејќи Врховниот суд се уште не го добил предметот од Кривичниот суд, за да може да одлучува.

Последна сламка за спас на Груевски би му бил и претседателот Ѓорге Иванов, кој може да го помилува.

Оваа право на претседателот му го дава Законот за помилување.

Постапката за помилување се поведува по молба на осуденото лице или пак по службена должност. Доколку Груевски одлучи да бара помилување сигурно тоа ќе го стори сам, бидејќи по службена должност молбата ја поднесува Министерството за правда.

Сепак наместо Груевски, молбата може да ја поднесе неговата сопруга, Боркица, роднина по крв во прва линија, на пример Сашо Мијалков, како и брат, сестра, посвоител, посвоеник, хранител или старател, односно неговата мајка Нада Груевска.

Молбата за помилување се поднесува до Кривичниот суд од каде што треба да му ја испратат на претседателот, кој потоа ја носи одлуката.

Извор: Фокус

поврзани објави

Последни објави