3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Во недела голем протест – генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ откри дали и тие ќе учествуваат

Во недела се очекува голем протест во главниот град на државата, откако повеќе здруженија го најавија своето учество преку социјалните мрежи.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев откри дека неговата партија не е организатор на протестот, воедно истакна и дека организирано нема да биде посетен.

„Нормално демократско право е на секој да излезе и да го искаже своето незадоволство, својот револт од оваа неспособна власт. ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на протестот, меѓутоа нормално дека сè што е во насока на демократско изразување на волјата на граѓаните, особено во овој дел каде што ВМРО-ДПМНЕ пред се предничи и ја води оваа битка против промената на Уставот, нормално дека сме на истата страна“, одговори Јанушев на новинарско прашање дали партијата го поддржува најавениот протест од страна на повеќе граѓански здруженија.

поврзани објави

Последни објави