Едно пет шест години тренирав бокс, ме зарази мојот вујко Јордан Мијалков. Тој беше вљубеник во боксот, помагаше многу боксери лично.
Тој беше претседател на федерацијата за бокс во Македонија и член на југословенската, на времето дури бевме под СФЈР.
Имаше интересни моменти. Тоа е добра школа за во животот.
Има еден интересен детал. Прв пат кога отидов на тренинг, отидов со мој другар. Отидовме со опрема, почнавме кондициони тренинзи. Тогаш ми рекоа да влезам во импровизиран ринг.
Никола земи и ти ракавици. Јас прв тренинг, се прашував сега што да правам. Тоа е сега, никој не ме тераше со сила, ќе се борам колку можам. Ми врзаа ракавици, излеговме на рингот и доаѓа тренерот и му вика на противникот Горан – ти само се браниш, а ти Никола треба да го утепаш.
Јас колку што можев напаѓав, едно четири пет минути не можев да го погодам во глава, се изморив, изгубив на крај, раскажува екс премиерот Груевски за тој период од неговиот живот во тогашното шоу на Тони Михајловски.
Еве го видеото каде што Никола Груевски го објаснува тој период од неговиот живот.