Телевизија 21 е на лице место, каде луѓе од МВР влегуваат во станот на екс-премиерот Никола Груевски, за кого е распишана и потерница.
Policia në derë të Gruevskit! Nuk e gjen në banesë! Vazhdon kërkimi!МВР во станот на Груевски
Posted by TV21 on Monday, November 12, 2018
Во живо се вклучи и А1он.мк.
ВО ЖИВО: Полицијата пред домот на Груевски
ВО ЖИВО: Полицијата пред домот на Груевски
Posted by A1on.mk on Monday, November 12, 2018
По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, информира Нова ТВ
-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата се вели во информацијата од Кривичен.
Во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката, а такви обиди беа направени и денеска.
Судот има право, ако оцени дека бега, се крие, одбегнува, да превземе мерки преку полицијата, како присилно приведување, а ако и тоа не е можно ќе се распише потерница по него.
Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда. Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.