Sun. Oct 1st, 2023

ВМРО ДПМНЕ сепак нема да има мнозинство во советот на општина Струмица, откако советникот од ВМРО Народна партија, Мето Витанов остро ги демантираше информациите. Тој истакна дека бил грубо изманипулиран од раководството на матичната партија и поради тоа дава оставка.

„Јас како советник од ВМРО Народна партија која до вчера коалицираше со социјалдемократскиот сојуз во Струмица сум грубо изманипулиран од Централното раководство на ВМРО Народна партија почитувајќи ја нивната одлука за коалиција со ВМРО ДПМНЕ со советот на Општина Струмица . Поради несериозноста на Централното раководство ВМРО Народна партија си давам оставка од партијата. Понатамошниот мандат во советот на Општина Струмица ќе го водам како независен советник поддржувајќи ја советничката на СДСМ“, изјави Советникот од ВМРО-Народна партија, Мето Витанов.

 

By s.s.

Leave a Reply

Your email address will not be published.