Фотографија од Никола Груевски е објавена на сајтот на МВР, каде што се сите кои се бараат по потерница.
„Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ“ – пишува со фотографијата.
МВР попладнево распиша потерница по Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
Во петокот трипати судски курири се обидуваа да му ја врачат одлуката на Груевски, но обиди беа безуспешни.