Генералот Стојанче Ангелов на својот официјален ФБ профил упати апел до новинарите и јавноста да не го трауматизираат семејството на Никола Груевски, бидејќи како што вели, тие не се виновни за неговите злодела.
Еве што напиша Ангелов:
АПЕЛ!
Семејството е света работа. Апелирам до целата јавност, посебно до новинарите. Молам, не го вознемирувајте семејството на Никола Груевски.
Неговата сопруга и неговите деца не се виновни за неговите злодела. Оставете ги на мир, децата се деца, нема потреба дополнително да се вознемируваат и трауматизираат. Да покажеме човечност, да не бидеме како Груевски и неговата клика.
Под овој негов статус, Ангелов доби коментари и пофалби дека со овој негов пост покажал не само дека е голем патриот, туку истиот докажал дека е и голем човек.