Премиерот Зоран Заев вечерва на МТВ за потерницата распишана по екс премиерот, Никола Груевски изјави дека не верува дека тој би си дозволил да избега.
„Не верувам дека господинот Груевски би си го дозволил тоа, барем според она што тој до сега го кажал“, одговори Заев.
За ова кажа дека подетални информации треба да се бараат во Министерство за внатрешни работи.
Во моментот полицијата го бара Груевски, но тој не е достапен на ниту една од локациите кои често ги посетува. Алфите во моментот се кај штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде се проверуваат автомобилите во гаражата.