5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ до полицијата: Ако поседувате налог, дојдете внатре и проверете дали Груевски е тука

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека седиштето на партијата е под опсада а нејзините членови биле легитимирани од полицијата. Доколку полицијата поседува налог нека ни го покаже, ако не нека дојде со нас и нека провери дали Груевски е во партиското седиште, изјави генералниот секретар Игор Јанушев, пренесува Телма телевизија.

Претходно партијата во соопштение ја обвини власта за хајка против Никола Груевски, по кога се трага со потерница.

Полициски единици беа распоредени пред седиштето на партијата и вршеа претрес на возилата кои излегуваа од подземната гаража.

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, според непотврдени информации бил и претседателот Ѓорѓе Иванов. Возилата, кои неколку медиуми објавија дека “излетале” од гаражата, најверојатно се од претседателот и неговото обезбедување.

Премиерот Зоран Заев вечерва во дебата на МТВ изјави дека „не верува оти Груевски би си дозволил да избега“.
„Не верувам дека господинот Груевски би си го дозволил тоа, барем според она што тој до сега го кажал“, рече Заев.

Извор: Телма

поврзани објави

Последни објави