Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски на својот официјален ФБ профил денеска соопшти дека се наоѓа во Будимпешта, и дека истиот ќе бара политички азил од унгарските власти.
Груевски во својот статус вели дека добил закани по својот живот, но и дека нема да отстапи никогаш од каузата за Македонија.
И покрај тоа што во минатото даваше изјави дека не ги организирал настаните од 27 април, како и тоа дека не повикал никого да влезе во Собранието, притоа понудувајќи се да биде уапсен наместо нив, Груевски сепак, се реши да се даде во бегство, по што МВР издаде и меѓународна потерница.
Нека ме уапсат мене и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ама нека не ги малтретираат луѓето кои понесени од емоции влегле во Собранието и направиле грешка, рече Груевски.
Сепак и покрај ваквите негови изјави, Груевски денеска е на слобода и е како што вели самиот, во Будимпешта, а многу од граѓаните кои влегоа во Собранието на 27 април храбро ја издржуваат казната да бидат зад решетки
Видео: Види Вака (извор)